Времето денеска: Сончево со темеператури до 14 степени

Од:

Времето денеска наутро е ведро и студено, по одделни котлини со услови за појава на магла. Преку ден, времето ќе биде претежно сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус 11 до минус 3, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје најавено е студено утро, во делови од котлината со услови за појава на магла. Преку ден, времето се очекува да биде сончево и тивко. Минималната температура предвидено е да се спушти до минус 6, а максималната да достигне до 10 степени.

Во следните денови се предвидува да биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните да бидат во пораст. По одделни котлини да има појава на магла и пониска дневна температура. Во петок кон крајот на денот, се очекуваат повремени врнежи од дожд.

Би можело да ве интересира

Сончево со температури до 16 степени

Сончево и стабилно време со засилен северен ветер долж Повардарието

Променливо облачно време со сончеви периоди

А1он

Дожд и снег денеска, воведена забрана за камиони и автобуси на дел од критичните правци

Студено и ветровито, од петок нови врнежи

Температури до 18 степени денеска, од утре заладување

Катерина Ѓуровски