Времето денеска сончево и топло, попладне во западните делови пороен дожд и грмежи

Од:

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево и топло време со мала до умерена локална облачност.

Попладне претежно во западните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Во петок на повеќе места ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.

За време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност.

Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер, соопштуваат од УХМР.

Би можело да ве интересира

Владата со препораки за работодавачите за топлотниот бран

Горан Наумовски

УХМР: До сабота времето ќе биде сончево и многу топло

Денеска сончево и многу топло со температури до 40 степени

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

До пладне топло, попладне ветер и дожд

Сончево и топло, до 39 степени