Временска прогноза: Сончево со температури до 34 степени

Од:

Синоптичарите за денеска најавуваат свежо утро, а преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец кој во североисточните делови повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Од УХМР известуваат дека во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно и топло време со свежи утра и со појава на мала до умерена облачност во текот на денот.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно, наутро студено и денеска и во следните денови

Облачно и посвежо, на повисоките места услови за снег

Облачно со дожд денеска, во следните денови пад на темепратурата

Сончево време со мала до умерена облачност, попладне услови за слаб локален дожд

Катерина Ѓуровски

Сончево со температури до 20 степени

Сончево и температури до 21 степен