ВРЕДИ за скандирањата: Институциите функционираат, за разлика од времето на ДУИ кога вакви случаи се прикриваа без никаква одговорност

Од:

Настанот во Куманово беше сериозен инцидент, кој ја вознемири целата јавност. ВЛЕН силно го осуди, вели во изјава дадена на прес – конференција портпаролот Дритон Сулејмани.

„Но, за разлика од времето кога ДУИ беше дел од власта и ваквите случаи се прикриваа и игнорираа, денес државата реагира брзо, решително и транспарентно.

Јавното обвинителство веќе отвори случај, а Министерството за внатрешни работи води истрага и веќе ги повикува осомничените.
Ова е доказ дека денес институциите функционираат. Денес државата не се крие, не се обидува да го релативизира проблемот и не штити никого.

За разлика од ова, во времето на ДУИ беа прикривани многу потешки случаи на насилство, дискриминација и трагедии, без ниту една оставка и без никаква одговорност:

• Монструм, каде Албанци беа обвинети како терористи без докази;
• Диво Насеље, каде 10 Албанци беа убиени во сомнителна полициска акција;
• Случајот Алфа, монтиран процес со неправедни пресуди;
• Убиството на Харун Алиу, поранешен борец на ОНА, под неразјаснети околности;
• Скопје 2014 – проект без ниту еден албански елемент во срцето на главниот град;
• Споменикот на Цар Душан во центарот на Скопје;
• 27 април, кога албанските пратеници беа тепани во Собранието, без вистинска политичка реакција;
• Модуларната болница во Тетово, каде загинаа невини граѓани – без оставки и одговорност;
• Дурмо Турс и Беса Транс, каде загинаа десетици и десетици Албанци, а ДУИ молчеше и никој не одговараше.

ДУИ денес зборува за патриотизам и достоинство, но ја заборава својата темна историја на молк, сервилност и прикривање на трагедии.
Нашата порака е јасна:
Денес државата не молчи. Денес има реакција, истрага и одговорност. ДУИ треба да престане со празни зборови и да се соочи со вистината за својата дведецениска историја на политички срам“, рече Дритон Сулејмани портпарол на ВРЕДИ.

Би можело да ве интересира

Пожар на тешко достапен терен кај Валандово, општината се сомнева дека е намерно подметнат

Полицијата приведе лице поради сторени кривични дела „разбојништво“ и „разбојничка кражба“, следува кривична пријава

Три лица лишени од слобода, вкупно четири пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ

Филипче: Нема нова технологија дома, а Мицкоски ќе правел технологија за гласање од надвор

Предраг Петровиќ