ВРЕДИ: Време е за ветинг на Муса Џафери – човекот сенка на Али Ахмети, најдобриот пријател на Сашо Мијалков!

Од:

„ДУИ повторно глуми дека ќе се „чисти“ од криминал, но вистината е сосема поинаква – тие што треба да „чистат“ се 20 години во врвот на политиката и бизнисите! И глумат дека нешто ќе чистат за тие самите да останат на врвот. Време е за вистински ветинг – време е да се отвори темата за Муса Џафери, еден од клучните луѓе на Али Ахмети, кој со години беше највлијателната фигура во сенка. Човекот што ги договараше сите најважни „зделки“, човекот што ги влечеше конците зад политичката сцена и најдобриот сојузник на Сашо Мијалков“ соопштија денеска од коалицијата ВРЕДИ.

Оттаму прашуваат „ДУИ, до кога ќе ја лажете јавноста? Како е можно човек што беше десна рака на Ахмети и учествуваше во секој коруптивен проект да биде дел од наводното „прочистување“? Зошто неговите синови преку фирми блиски до власта добиваат милионски тендери? Како се отпишуваат долгови од милиони евра за фирмите блиски до Муса Џафери?“.

„Како е возможно судовите во Америка да досудат корупција за давањето мито на високи функционери на ДУИ во Македонија, а судовите во Македонија да останат неми? До кога ќе дозволувате вашите функционери да се богатат на грбот на граѓаните, додека државата тоне во сиромаштија?“ прашуваат од коалицијата.

Велат „ДУИ веќе 20 години ја контролира политичката и економската моќ на Албанците во Македонија. Нивните луѓе од сенка како Муса Џафери никогаш не биле ставени на тест на правдата. Доста е! Ако навистина сакате ветинг, почнете од него! Ако не сте подготвени за тоа, тогаш вашето „прочистување“ е само уште една лага“.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Лагите на Бујар не ја кријат неговата вина

А1он

МВР се сомневало дека Груевски избегал со автомобилот на Ахмети, вели ВРЕДИ

ВРЕДИ: Албанците добро знаат дека во М-НАВ сестрата на Бујар Османи зема месечна плата над 3.000 евра

А1он

„ВРЕДИ“: Бујар Османи го вети автопатот Скопјe – Блаце, но донесе само лаги

А1он

ВРЕДИ: Европскиот фронт на ДУИ се распаѓа

ВРЕДИ: Од “Пациент“ до милионски тендери, мрачното досие на Бујар Османи