ВРЕДИ: Демант на лагите на Блерим Беџети и неговиот следбеник Весели

Од:

„Очигледно Блерим Беџети не се акомодира во фотелјата на Собранието и повторно се занимава со локалната власт која ја остави во мизерна состојба. Без трошка срам, наследникот на Беџети, вршител на должноста во Општина Сарај, Илас Весели, под раководство на, јавно излажа без да поцрвене. И овие сами можат да веруваат во нивните лаги, но ние како ВЛЕН нема да дозволиме граѓаните да станат плен на нивните секојдневни манипулации на кои им нема крај. Но, неуспех по неуспех, дури и овој обид за манипулирање со јавноста пропадна“ велат од Коалицијата ВРЕДИ.

Оттаму ги демантираат „актуелниот во општина Сарај, Илас Весели и неговиот диригент Блерим Беџети за објавената лага дека ќе се намали бројот на советници во општина Сарај, па според нив општина Сарај во моментов има 23 советници и следните измени ќе имаат 19 советници. Ова е невистина и целосна лага. Тоа го демантираме преку следните факти: Општина Сарај имаше 19 советници и со последната одлука на владата повторно ќе има 19 советници“.

„Имињата на актуелните советници во Општина Сарај се фигурираат и на официјалната страница на општината, можете да ги видите и проверите. Има 19 советници со име и презиме, па не знаеме каде се денес тие четворица колеги советници на Весел. Затоа, ВЛЕН бара Блерим Беџети заедно со неговиот наследник да сведочат и да ги изнесат имињата на 23-те наводни советници. Појаснуваме дека нивните лични советници не можат да се додадат на листата на општински советници“ велат од Коалицијата.

Од ВРЕДИ потсетуваат „Пописот на населението се случи во времето кога ДУИ беше на власт, затоа немаат право да се жалат на евентуалните последици од пописот, бидејќи кога требаше да се зборува избраа да молчат. Tие молчеа за се, дури и за селото Герчец, каде според официјалните бројки на Државен Завод за Статистика фигурираат само 38 жители резиденти!“.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Лагите на Бујар не ја кријат неговата вина

А1он

МВР се сомневало дека Груевски избегал со автомобилот на Ахмети, вели ВРЕДИ

ВРЕДИ: Албанците добро знаат дека во М-НАВ сестрата на Бујар Османи зема месечна плата над 3.000 евра

А1он

„ВРЕДИ“: Бујар Османи го вети автопатот Скопјe – Блаце, но донесе само лаги

А1он

ВРЕДИ: Европскиот фронт на ДУИ се распаѓа

ВРЕДИ: Од “Пациент“ до милионски тендери, мрачното досие на Бујар Османи