Врачени државните награди Св.Климент Охридски

Од:

Во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите на комунистичкиот режим денеска беа врачени државните награди „Св. Климент Охридски“.

Во областа на образованието наградата му беше врачена на професорот Ѓорѓи Павловски, во културата на актерот Бранко Ѓорчев, а во здравството годинашни лауреати се дерматовенерологот Ѓорѓи Гоцев и кардиологот Антонио Георгиев.

Од името на наградените се заблагодари професорот Павловски, кој истакна дека годинава победиле три хумани општествени дејности од посебен државен интерес.

– Ова признание за нас значи нова област, триумф и стимул меѓутоа и долг кон светецот Климент да работиме со уште поголем напор и да изнаоѓаме нови начини и методи за унапредување на педагошката мисла, но истовремено и нови актерски остварувања и да изнаоѓаме нови и поефикасни методи за лекување на нашите граѓани, што е особено значајно за иднината на Република Македонија, рече Павловски.

Одлуката за наградите ја донесе Одбор под претседателство на академик Вера Битракова Грозданова, која во оваа прилика истакна дека живееме во време на изместени вредности, но оти духот и делото на Климент Охридски се се уште присутни меѓу нас.

На денешното доделување на наградите приусуствуваше и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Државната награда „Св.Климент Охридски“ се доделува за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Турската кинематографија во фокусот на „Бич филм фестивал Охрид“

„Синот на кројачот“ од Јелена Бачиќ Алимпиќ меѓу новите изданија во акцијата „Со книга на плажа“

Незаборавна Шпанска вечер на „Охридско лето“ со триото „Вибрарт“

„Коулун, заградениот град“ од Јана Узунова, книга бр. 250 во едицијата ПРОаЗА на Или-Или

Променета локација на концерт на Скопско лето

„Со книга на плажа“ во полн ек: „Матица“ ги објави „Ослободи ме“ и „Пронајди ме и Отворената врата“ од Лорелин Пејџ