Вработил четворица кои не оделе на работа, а земале плата од Општината – кривична за Фатмир Дехари

Од:

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.

Според соопштението на МВР, Дехари во периодот од 2021 до 2025 година, во својство на градоначалник, склучил договори за вработување со четири лица, иако свесно им дозволувал да не доаѓаат на работа, а сепак да примаат плата и други надоместоци. По истекот на законскиот рок, тој не им го прекинал работниот однос.

Со ваквото постапување, како што наведуваат од МВР, бил оштетен буџетот на Општина Кичево за околу 130.000 евра, а на вработените им била овозможена противправна материјална корист.

Кривични пријави се поднесени и против четворицата вработени во општината: Ф.А. (62) од село Зајас, А.Н. (38) од село Србица, Х.Б. (37) од село Црвевци и Б.С. (36) од село Стрелци. Тие се пријавени за перење пари и други приноси од казниво дело, бидејќи примале средства иако знаеле дека се стекнати по незаконски пат.

Би можело да ве интересира

Левица: Касами ќе го спасува криминалецот Дехари од ДУИ во Кичево – Мицкоски одбра да коленичи пред ВРЕДИ!

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ го прикрива срамот од Кичево, Фатмир Дехари кој прави брутална злоупотреба на моќта, понижување и сексуална злоупотреба на жените

Митева: Итна реакција од сите надлежни институции за скандалозното однесување на Дехари

(ВИДЕО) Ангелова: Фатмир Дехари од Кичево е срам за сите жени во Македонија, злоупотреба, понижување и срамен молк од ДУИ

Горан Наумовски

Фатмир Дехари ќе се бори за уште еден градоначалнички мандат во Кичево

Горан Наумовски

Кривична за градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари