Вработен во прилепската болница украл 35 илјади евра: парите ги вратил, осуден е условно

Од:

Условна затворска казна во траење од две години изрече Основниот суд во Прилеп против вработен во прилепската болница кој во периодот од август 2024 до април 2025 година противправно присвоил 2 110 640 денари наплатени од пациенти.

Како што соопшти Управата за финансиска полиција, службеното лице од ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ – Прилеп сторило кривично дело Проневера во службата, согласно член 354 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Обвинетиот иако ги вратил средствата, судот ја утврди вината и му изрече условна затворска казна во траење од две години, која нема да се изврши ако во наредните четири години не стори ново кривично дело.

-Овој случај е дел од пошироката истрага на Управата за финансиска полиција, која со месеци го анализираше финансиското работење на прилепската болница и истовремено ја потврдува нашата заложба за борба против корупцијата и злоупотребата на јавни средства. Враќањето на парите не ослободува од одговорност, правдата мора да биде еднаква за сите. Оштетувањето на јавниот буџет, особено во здравствениот сектор е недозволиво и секој обид за прикривање или игнорирање на вакви постапки претставува закана за довербата на граѓаните во институциите, информира Управата.

Би можело да ве интересира

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Голема полициска акција во Прилеп, има сомнеж за криминал во болницата

А1он

Уапсен сопственикот на Марковски Компани, oсомничен e за местење тендер од 1,6 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Финансиската полиција поднесе кривична за градоначалникот на Росоман

Горан Наумовски

Истражителите ја анализираат обемната одземена електронска и материјална документација од прилепската болница

Горан Наумовски

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница