Возач остави пари на шалтерот – обид за поткуп на полицајка на „Ќафасан“

Од:

МВР информира за обид за поткуп на граничниот премин „Ќафасан“, вчера во попладневните часови.

Како што информираат, околу 14:30 часот, полициски службеници го уапсија 41-годишниот В.К. од Република Албанија.

За време на граничната и пасошката контрола, тој понуди поткуп на полициска службеничка, оставајќи пари преку прозорецот од кабината на шалтерот.

По настанот, тој е приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони кон Македонија

Предраг Петровиќ

Полицаец од Скопје поткупил колега од преминот „Блаце“

Задутре времен застој на Г.П. „Делчево” заради градежни работи

Уапсен е албански државјанин, на полицајци им понуди поткуп

А1он

На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека до еден час

АМСМ: Нема подолги задржувања на граничните премини