Возач од неготинско со 2,76 промили алкохол во крвта удри во пешак

Од:

МВР информира дека вчера попладне во 14 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Л.Д.(55) од село Пепелиште, неготинско.

Тој управувајќи патничко возило „југо“ со неготински регистарски ознаки, удрил во пешакот Р.М.(62) од истото село, кој се здобил со телесни повреди, констатирани во Итна медицинска помош Неготино.

По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека Л.Д. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.76 промили алкохол во крвта и возилото го управувал со активна забрана за управување возило.

По насоки од јавен обвинител, тој бил задржан во полициска станица, возилото било одземено и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Пријави за семејно насилство во Крива Паланка, Куманово, Прилеп и Тетово

А1он

Уапсени се 14 возачи за безобѕирно возење

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Маж од Чегране е осомничен за уцена од 5.000 евра, се закануваше со објава на снимен разговор

А1он

Нови пријави за семејно насилство во Македонија

А1он

Пријавено е насилство врз жени во Штип и во Виница

А1он