Волонтерска акција на вработени во Нептун Македонија: Ајде заедно да креираме подобро утре за сите деца!

Од:

Секој од нас може да направи промена, бидејќи волонтирањето и помагањето на другите е во сржта на секое човечко битие.

Водени од оваа мисла вработените од Нептун Македонија организираа акција во рамките на која помогнаа да се молериса една од куќите каде што се сместени младинците поддржани од СОС Детско село. Во пријатна атмосфера и преубаво дружење младинците и вработените на Нептун Македонија ја потврдија мисијата – Ајде заедно да креираме подобро утре за сите деца!

Вредните волонтери од Нептун Македонија беа дочекани од младите домаќини со вкусен појадок како најава на еден убав ден исполнет со позитивна енергија на претек. Со одлична дружба, забава и заедничка работа успеавме просторот да го разубавме и освежиме и заедно да им посакаме на младинците успешен старт на учебната година.

Активностите во рамките на стратешката соработка помеѓу Нептун Македонија СОС Детско село продолжуваат. Ајде да бидеме промената која сакаме да ја видиме во светот!

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Добредојдовте во новиот Нептун

НЕПТУН Хуманитарна кампања за СОС Детско село “Заокружи сметка”

„Нептун Македонија“ – Вештачка интелигенција за унапредување на своите услуги и продажбата

„Нептун“ слави 30 години со голема роденденска наградна игра

Голем Gaming настан во НЕПТУН

Ана Ололовска

Хуманитарна кампања на Нептун Македонија: Заокружи сметка и донирај за СОС Детско село

Ана Ололовска