„Водовод и канализација“: Имаше варијација во водоснабдувањето поради прекини на струјата кај бунарите во Лепенец

Од:

„Водовод и канализација“ извести дека поради повеќе краткотрајни прекини на снабдување со електричната енергија во регионот кај бунарите на Лепенец, предизвикана е варијација на притисокот на пумпниот систем од бунарите кон градскиот цевковод од каде се дополнува водоснабдителниот систем.

„Како резултат на прекините на мрежата на електрична енергија, настанати се 2 дефекти истовремено на главната водоводна линија Ф-600, како и дефект во шахта на Ф-400 на еден од бунарите. Поради овие дефекти, во неколку населени места од градот дојде до прекин на водоснабдувањето, но по брзата реакција на нашите екипи водоснабдувањето постепено се стабилизира со цел да се избегнат нови појави на дефекти и дополнителни оптоварувања на системот. Екипите на ЈП Водовод и канализација веднаш излегоа на терен и работат интензивно на санација на дефектите, со цел во најкраток можен рок да се обезбеди целосна нормализација на водоснабдувањето“, се вели во соопштението од „Водовод и канализација“.

Би можело да ве интересира

Пукна водоводна цевка во Влае, голем дел од Скопје беше без вода или со намален притисок

Горан Наумовски

Нормализирано водоснабдувањето во Клиниката за белодробни заболувања кај децата – Козле

„Водовод“: Можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје

(ВИДЕО) Арсовска: Фатен нов див приклучок на вода во Сарај, си наводнувал пластеници

Предраг Петровиќ

Стефковски со закана до Водовод: Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица

Скопје од вечерва без вода, поправката на цевководот се очекува да трае до 15 часа

Горан Наумовски