Водата во велешките селски чешми и бунари хемиски неисправна

Од:

Водата во дел од селските водоводи, чешми и бунари во Велешко е бактериолошки и хемиски неисправна, покажаа анализите на ЈЗУ Центар за јавно здравје.

Лекарите предупредуваат, пред пиење водата да се преврива. Во спротивно, може да предизвика уринарни и цревни инфекции.

Најисправна, 100 проценти, е водата во градскиот водовод.

Според д-р Снежана Петрова, специјалист по хигиена во Центарот за јавно здравје, 25 проценти од испитаните селски водоводи, чешми и бунари во велешко се бактериолошки неисправни, а 10,3 отсто се хемиски неисправни. Кај некои е утврдено и присуство на нитрити, како и заматување на водата.

Освен во селските и во некои градски природни чешми во Велес лекари при анализите на примероци изолирале ешерихија коли и колиформни бактерии. Петрова апелира до раководствата на месните заедници во велешките села кои раководат со селските чешми, бунари и водоводи редовно да ја хлорираат водата за да биде исправна за пиење.

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он

Велешанец е пронајден мртов во семејниот дом

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско