20:50 Боја врз оградата на Владата.
20:33 Голема колона се движи кон Влада.
20:21 „Оди си Грујо, спаси ја Македонија“, се пее на патот кон Владата.
20:08 Колоната се упати кон Министертвото за надворешни работи.
20:01 Се фрла боја кон антикорупциска комисија заради штитење на криминалот на власта.
19:59 Демонстрантите се движат кон антикорупциска комисија.
19:57 Машината за перење пари поставена на постамент од споменик во Жена парк.
ЕКСКЛУЗИВНО: #Ск2014 Поставување споменик перална за пари #протестирам #protestoj pic.twitter.com/YhujIN1tSq
— Цветко (@SkHornet) May 6, 2016
19:30 Сите балони со ликови на аболицираните политичари пуштени да летаа.
Нека си отидат од власта како балониве во небово! #Протестирам #ШаренаРеволуција #Protestoj pic.twitter.com/Sa4XoGs4lf
— Дилдо Багинс (@ivogievski) May 6, 2016
„Вака пуштени можеби ќе научат нешто, но едно е сигурно, одат во историјата“, рекоа демонстрантите. Главно барање е повлекување на аболицијата на Иванов и негова оставка и одложување на изборите закажани за 5-ти јуни. 19:25 Пред Собрание се слушаат „бомби” поврзани со корупција. 19:18 Машина за перење пари пред Собрание. 19:00 Демонстрантите тргнаа кон Собрание.
Со балони, со музика, со боја, со све! #Протестирам #ШаренаРеволуција #Protestoj pic.twitter.com/6fUjLdS8lh
— Дилдо Багинс (@ivogievski) May 6, 2016
18:56 „Неправда, тоа е неправда“, „Бела чао“ ечи пред Специјалното јавно обвинителство, каде вечерва поддржувачите на „Шарената револуција„ почнуваат уште еден протест.
18:30 Шарени балони на протестот пред СЈО.
18:10 Демонстрантите се собираат пред СЈО. Тема на денешниот протест е корупција!