20:07 Демонстрантите се штитат од камерите на МВР со димна завеса.
20:03 Се фрла боја врз просториите каде што е сместена ДИК.
19:50 Демонстрантите им нудат кабаници на полицајците за заштита од боја.
19:45 Демонстрантите пристигнаа пред ДИК. На протестот ечи „Во борба, Македонски народе“.
19:32 Граѓаните се движат кон ДИК.
19:22 Маршот преку Собранието се движи кон Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
#п #протестирам #НемаПравдаНемаМир #оставка #шаренареволуција pic.twitter.com/DBsaagHHUK
— Озрачен (@tode1514) May 4, 2016
19:06 Звуци на вувузели и свирчиња додека демонстрантите поминуваат пред Министертвото за правда на патот кон Собранието.
Звуци на вевезули и свирчиња додека демонстрантите се движат кон Собранието #ШаренаРеволуција #П #Протестирам pic.twitter.com/mtyEaNKFLW
— META.mk (@meta_agency) May 4, 2016
18:55 Демонстрантите го започнаа својот марш, од пред СЈО се движат кон Собранието.
Правдата пристигнува #Протестирам #Protestoj #ШаренаРеволуција pic.twitter.com/dly0VX8vIq
— Дилдо Багинс (@ivogievski) May 4, 2016
18:20 Демонстрантите бурно ја поздравија специјалната обвинителка Јанева, која влезе во СЈО.
18:00 Поранешниот Евроамбасадор Ерван Фуере се приклучи на протестот на „Шарената Револуција“.
Демонстрантите му ракоплескаа и се сликаа со Екс-евроамбасадорот Фуере пред СЈО.
Ги поддржувам овие луѓе кои достоинствено протестираат против кршењето на владеењето на правото и повредата на човековите права, кои се случуваат во земјата – изјави поранешниот евроамбасадор.