20:46 Заврши вечерашниот протест на граѓаните.
20:26 Демонстрантите извикуваат „Николче, диктаторче“, „Лопови“, „Затвор не ти гине Никола“ пред Владата.

20:10 Со извици на „Нема правда, нема мир“ и свирежи, граѓаните пристигнаа пред Владата.

19:58 Граѓаните минувајќи под Порта Македонија и плоштадот се упатија кон Владата. Тие на кратко застанаа кај Фонтаната на плоштадот, која е затворена.
19:47 Павле Трајанов денеска на протестите.

19:40 Туфегџиќ до неутралните граѓани: Вашето место е покрај нас да им порачаме на криминалците дека ги чека робија.
19:25 Илјадници граѓани пристигнаа пред Собранието на Република Македонија. „Поздрав до Митко Чавков што снима“, извикуваат демонстрантите.


19:12 Поминувајќи покрај канцеларијата на претседателот демонстрантите денеска запалија фотографија од Ѓорге Иванов.

19:10 Целосно избоена канцеларијата на Иванов.

19:05 Повторно се фрла боја врз Министерството за правда.


19:02 Граѓаните ја повикуваат полицијата да им се приклучи на протестот.

18:55 Демонстрантите тргнаа кон Рекорд извикувајќи „Нема правда нема мир“.

18:40 Започна протестот пред СЈО

18:22 Свирчиња во знак на поддршка на СЈО пред почетокот на протестот.

18:10 Големо полициско обезбедување пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

17:55 Голем број на граѓани се собираат пред Специјалното јавно обвинителство во знак на поддршка, потоа ќе маршираат во знак на протест против аболицијата на Ѓорге Иванов и ќе се бара негова оствака од функцијата претседател.
17:40 Питер Ванхауте на Твитер

17:35 Твитер-заедницата во пресрет на денешните протести
