Протест во Скопје низ видеа и фотографии

Од:

21:00 Заврши протестот на граѓанското движење „Протестирам“, кое бара Иванов да ги повлече одлуките за аболиција, да поднесе оставка и да се одложат изборите закажани за 5 јуни.

13078286_10207841804255806_119263549_o

20:36 Од ветер се урна скелето кое беше поставено за да се исчисти Владата откако на минатонеделните протести белата барокна фасада со разни бои беше исфарбана од демонстрантите.

20:34 Демонстрантите се пред Влада.

Screenshot_19

20:15 Од МНР демонстрантите се упатуваат кон Влада.

Screenshot_18

19:58 Се фрла боја врз Министерството за надворешни работи.

Screenshot_14

19:55 Протестите од Собранието се придвижија кон Министерството за надворешни работи. Дел од граѓаните застанаа пред полицајците за да ги заштитат доколку евентуално се фрла боја на зградата.

1461606955711808

19:40 Граѓаните се упатија кон МНР, а потоа кон Влада.

Screenshot_13

19:30 Од ова место пред неколку дена беше побарано да бидеме забранети и сотрени, но нема да не сотрете, нема тоа ви го дозволиме, порача Петре Шилегов од пред Собранието на Македонија.

-Ние никогаш нема да побараме забрана на ВМРО-ДПМНЕ, свесни сме дека Македонија не е заложник на ВМРО-ДПМНЕ, туку на сто криминалци во раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Повикувувајте го секој граѓанин да се приклулчи, сите ни се потребни зошто само шарена Македонија е онаа која ние ја посакуваме, и за која се бориме.

19:19 „Протестирам и во името на моите колеги, кои што молчат, затоа што изборните кампањи се најдобро платени“, изјави пред Собранието пејачката Кристина Арнаудова.

19:10 Неколку илјади демонстранти пристигнаа пред Собранието, каде извикуваат „Никола на робија!“, „Џабе ти е аболиција, затвор не ти бега Никола”. На граѓаните кои протестираат пред Собранието не им пречи дождот. Mожат да се забележат стотици шарени чадори во име на т.н. Шарена револуција.

19:03 Големо полициско обезбедување пред Министерството за правда.

13106812_10208935279960982_1262814752_o

18:56 Запалени фотографии од Ѓорге Иванов

18:48Илјадници граѓани со извици „Лопови, лопови!” и повик за слобода го почнаа протестниот марш, откако се собра пред СЈО, тргнаа кон Собранието.

18:40 Почна протестот пред СЈО

13072291_10208935141157512_1664574831_o

18:26 Големо полициско обезбедување се забележува во центарот на Скопје. Полицајци се распоредени во близина и зад објектите од проектот Скопје 2014, кои се цел на демонстрантите од „Шарената Револуција“.

13059371_10209433896312205_1295886075_n

18:13 Сојузот на Борци на Македоније со огромен аплауз пречекани пред СЈО. Тие се приклучуваат кон протестот против аболицијата на Иванов.

13063890_10207841106398360_1246440891_o

13091824_10208934964713101_1665630032_o

18:10 Голем број на припадници на МВР пред музјеот на ВМРО.

Screenshot_10

18:00 14-ти ден од „ШаренатаРеволуција, почнаа да се собираат граѓани пред СЈО во знак на поддршка.

Од „протестирам“ се повикува на бунт против авторитарниот и корумпиран режим, против хајки против нашите слободоумни соборци.

Ќе се бара итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од страна на СЈО, итна и неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање на специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата, процесот на решавање на кризата да се одвива на територијата на Република Македонија и формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

Би можело да ве интересира

Пред Собранието започнаа да се собираат граѓани, за поддршка на Катица Јанева

Емир Латифовиќ

Протестирам до Иванов: Со аболицијата ти си патрон-светец на најголемите криминалци и тирани на македонскиот народ!

Ана Ололовска

Јавно обраќање до уставните судии: Застанете на страната на правдата!

Ана Ололовска

Во повеќе градови протести во организација на „Протестирам“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Царовска: Глумиме држава и демократија, а добиваме потврда за диктатура

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Миленковска: Аболицирани политичари не градат правна држава

Емир Латифовиќ