19:47 Боја врз фотографија на Ѓорге Иванов пред неговата резиденција. Се палат и негови слики и од екс премиерот Груевски.
19:35 Рампи и полиција се поставени пред приодот кон вилата на Водно во која е сместен Ѓорге Иванов.
19:30 Колоната стигна веќе до училиштето Кочо Рацин на Водно. Целта е Ѓорге Иванов каде сакаат да му испратат порака дека не е заборавена ниту ќе се заборави аболицијата.
19:21 Акција и траги на Шарената револуција и на Водњанска улица.
19:19 Станари од Водњанска ја поздравуаат Шарената револуција од нивните тераси и прозорци.
19:15 Граѓаните од „Шарената револуција“ се упатија кон Водњанска, која води кон вилата каде е сместен Ѓорге Иванов. Колоната е стигната до пред Клиничкиот центар.
19:10 Демонстрантите трнаа кон ЕУ инфо центарот.
19:05 „Шарената револуција не признава фикус аболиција“.
18:55 Демонстрантите бараат слобода за Љубе Бошковски.
18:40 Граѓаните повторно се собираат да го изразат својот револт од аболицијата на Ѓорге Иванов. Зборното место е пред зградата на СЈО, но и многу луѓе се приклучуваат по улиците по почетокот на протестот.
18:00 Граѓаните почнаа да се собираат пред СЈО. Тема на денот e Аболицијата на Иванов
„Денес имаме кратка порака што сакаме да ја упатиме: Никој не е над законот! На режимот не може да му се прости за криминалите што се направени! #Протестирам не ја признава аболицијата!
Денес ќе го посетиме Ѓорге Иванов за да го потсетиме дека:
Ќе има правда и ќе има мир“, велат од „Протестирам“.
17:30 Голем број на полициски сили се пред резиденцијата на Иванов.