19:38 Демонстрантите од шарената револуција со боја фрлаа врз зградата на УЈП.
19:30 Демонстрантите стигнаа пред УЈП, каде што се пуштаат „Бомби“.
19:20 Толпата се движи кон УЈП.
19:10 Со музика од Боб Марли и звуцу на вувузели граѓаните се движат на протестниот марш против задолжувањето.
Со музика од Боб Марли и звуцу на вевезули граѓаните се движат на протестниот марш против задолжувањето #Протестирам pic.twitter.com/CtAg22cSip
— META.mk (@meta_agency) May 10, 2016
19:05 Од пред СЈО тргна новиот протестен марш на Шарената револуција. Денешниот протест на Шарената револуција е во знакот на јавните финансии и задолжувањето.
18:55 Со познатата реплика од бомбите „Трошите за чоколади, а ние немаме ни за леб“ испишана на транспарент почна протестниот марш на „Шарената Револуција“.
18:37 Се повеќе народ пред СЈО.
18:20
И денеска од 18 часот пред СЈО започнаа да се собираат граѓани за новиот протест на Шарената револуција, кој денеска е во знакот на јавните финансии и задолжувањето.
„#Протестирам затоа што Македонија е сиромашна и пропадната земја, иако може да биде успешна економска приказна! Македонија е сиромашна земја затоа што ја владеат арамии кои го крадат јавното, го крадат она што е наше, ја крадат нашата иднина!
Се пишува главниот транспарент на денешниот протест #ШаренаРеволуција #Протестирам #П pic.twitter.com/YpELdVBHMp
— META.mk (@meta_agency) May 10, 2016
Транзицијата ја опустпши македонската економија, а оваа влада ја дозакопа! Притоа, еден од главните проблеми е задолжувањето, НАШЕТО задложување, долгот кој НИЕ ЌЕ МОРА ДА ГО ПЛАЌАМЕ, а кој расте се’ повеќе повеќе.
Јавниот долг за времето на оваа влада порасна за 2 и пол милијарди евра. Во последните 5 години, Владата се задолжува 15 евра секоја секунда, 52 илјади евра секој час, 1 милион и 250 илјади евра секој ден.
Оваа влада го задолжи секое домаќинство во Македонија за 4455 евра, и секој од нас за 1240 евра. Овие бројки одовде само ќе растат! Со секој нивен ден на власт, ние сме се’ посиромашни и позадолжени!
Притоа, позајмените пари не се трошат за нашите потреби или за подобрување на економијата, туку за нивните хирови и ќефови, за нивните споменици и фасади, а голем дел одат во нивните џебови и на сметките во Белизе! Тие самите признаваат дека се лудаци, кои немаат ни за леб, ама трошат на чоколадо!
А со малку, може да се направи многу. За лечење на Тамара беа потребни 30 илјади евра. Оваа година само за камати за јавниот долг ќе бидат платени повеќе од 110 милиони евра, пари со кои можат да се направат 3 современи клинички центри!
Затоа, #Протестирам и барам одговорност за ваквото – со нивни зборови – лудачко владеење“, стои во најавата за денешниот протест.