21:37 Заврши протестот во Скопје. Демонстрантите беа сопрени од полицијата кај зградата на Нова Македонија. По спорадични тензии и обиди да се испреговара демонстрантите си заминаа, со најава за продолжување на протестот и утре.
21:03 Илјадници демонстранти се на булевар Климент Охридски.
Полициски кордон не им дозволува да продолжат. „Пуштете го народот“ „Николче диктаторче“ извикуваат демонстрантите.
20:30 Демонстрантите се сопрени кај зградата на Нова Македонија. Колоната е долга до Влада, целиот булевар свети Климент Охридски е преплавен со народ. Се преговара за дозвола да се приближат до седиштето на ДИК.
20:17 Колоната демонстранти замина од пред Влада и се движи по булеварот свети Климент Охридски. Граѓаните се упатија кон седиштето на ЕУ во Скопје, како опомена и протест во пресрет на преговорите во Виена.
20:00 Демонстарнтите се пред Влада, каде бараат оставка од Ѓорге Иванов и комплетната Влада.
Полицијата ја затвори за протест улицата Илинденска. Претпоставките е дека се попрелува евентуално протестот да продолжи кон Министерство за култура, кое вчера беше обоено од гневот на демонстрантите. Некои од нив седнаа на улица, пред полцијата.
19:50 Граѓаните мирно со свирежи и песна го продолжуваат марширањето кон Влада. Се слушаат и извици „Никола робија“.
19:35 Протестот се движи од собранието кон плоштадот Македонија. Од еден од балконите кон плоштад се слуша музика „Во борба, во борба, македонски народе“.
19:19 Неколку илјади граѓани, кои се движеа од Специјалното јавно обвинителство пристигнаа пред Собрание.
19:00 Демонстрантите кои се движат кон Собранието гаѓаат со боја кон неодамна реконструираната фасада на Министерството за правда.
18:52 Демонстрантите со натпис „Еднаквост, правда, слобода“ тргнаа кон Собранието.
18:26 Граѓаните повторно масовно се собираат пред Специјалното јавно обвинителство како поддршка за тимот на Катица Јанева.