(ВИДЕО) Ефремов: Полицајците 10 години без нови униформи, МВР намерно ги поништува тендерите

Од:

Претседателот на синдикалната подружница при Независниот синдикат на полицијата, Мартин Ефремов, на денешната прес-конференција пред Министерството за внатрешни работи, информираше дека МВР 10 години нема набавено нова униформа за полицијата, поради што се јавува сомнеж дека тоа се прави свесно за да шетаат во стара и искината униформа.

„Неколку пати Министерството излегуваше со конкретни датуми за набавка на нова униформа но ниту еден датум не беше испочитуван. Бараме од МВР веднаш да набави нова униформа бидејќи летото го минавме со по една кошула, но зимата е пред нас и не знаеме што ќе правиме“, рече Ефремов.

Тој исто така истакна дека со воведувањето на 7-часовното работно време за Полицијата се јавува нов проблем бидејќи со оваа одлука се крши законот за работни односи и колективниот договор.

„Полициските службеници се ангажирани на работа буквално секој ден, а не ретко и по два пати во текот на денот. Правото на неделен одмор е целосно ускратено, а приватниот живот речиси е невозможен. Невозможно е дури и да се испере она парче униформа што го имаат сочувано“, рече Ефремов.

Тој пред медиумите извади старо полициско капче за кое кажа дека го отсликува реалното лице на полицијата, избледено, изнемоштено и исплашено.

„Со секојдневното ангажирање на полициските службеници тие се изнемоштени и речиси неспособни за извршување на работните задачи, но стравувајќи да не бидат прераспределени, исплашени се јавно да проговорат и затоа приватно се опремуваат, купуваат и шијат“, рече Ефремов.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Прв конгрес на гранскиот Независен синдикат на полицијата

Ана Ололовска

Делчев Тодев: Со Буџетот за 2021 година повторно не се предвидени средства за изедначување на платите на полициските службеници со административните службеници

Ана Ололовска

Средба на министерот Спасовски со делегација на Независниот синдикат на полицијата

Ана Ололовска

Полициската станица Танушевци осум дена без струја, а МВР набавува 600 ремени за 300.000 евра

Маја Илиевска-Пачемска

Независен синдикат на полицијата: Не може да има пари за СЈО и за Фонд за инвестициии, а за награда за полицајците да нема

Маја Илиевска-Пачемска

НСП: Да се потпишат 532 решенија на приправниците и тие да почнат со работа

Ана Ололовска