Во вториот рок запишани 2.466 ученици во средните училишта, уште 15.436 слободни места

Од:

Во вториот уписен рок во јавните средни училишта, од пријавените 3.918 ученици, се запишаа 2.466, соопшти денеска Министерството за образование и наука.

За настава на македонски наставен јазик се запишани 1.272 ученици, на албански 1.088, 84 на турски наставен јазик и 22 повторувачи.

Во двата уписни рока вкупно се запишаа 19.465 ученици. Слободни места по вториот уписен рок има за 15.436 ученици од кои 10.224 за настава на македонски наставен јазик, 4.513 на албански, 663 на турски, 33 на српски наставен јазик и 3 за повторувачи. Во гимназиско образование има 3.988 слободни места, во стручното 11. 310, во уметничкото 121, а во спортска гимназија 17.

Според соопштението, слободни места за запишување на ученици по вториот уписен рок има во јавните средни училишта во сите општини во Република Македонија. Училиштата кои во двата уписни рока не ги пополниле утврдените ученички места за запишување согласно Конкурсот, продолжуваат со запишување на учениците до 30 август 2013 година.

Во Република Македонија во учебната 2012/2013 година осмо одделение завршија 22.900 ученици. Согласно измените на Законот за средно образование, средното образование од учебната 2008/2009 година е задолжително за сите ученици. За таа цел се обезбедени доволен број слободни места, вкупно 34.971 ученички места, во сите јавни средни училишта во Република Македонија, се вели во соопштението од МОН.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование