Во Владата и министерствата ангажирани 46 лица за пи-ар и 57 со придружни функции

Од:

Во Владата и министерствата ангажирани се 46 лица со примарна функција односи со јавност, а 57 лица работат на придружни функции како координација, логистика, анализа, истражување, сниматели….

Тринаесет лица, како што информираат од Владата, имаат статус на државни службеници и тие се вработени по старата систематизација и не работат ништо поврзано со односи со јавност, ниту придружни функции. За нив, како што информираа денеска Марјан Забрчанец, посебен советник за односи со јавност и владиниот портпарол Миле Бошњаковски, во тек е оценување со цел да се проценат нивните вештини и капацитети врз основа на кои ќе биде донесена одлука за нивно ангажирање.

Бројот на нововработени лица за односи со јавност во Владата и во министерствата е 39 лица за кои, како што велат од Владата, нема ниту еден кој не поседува соодветни вештини, односно сите се компетентни за работата што ја извршуваат.

– Овие лица се ангажирани врз основа на нивното образование, искуство и вештини за кои е констатирно дека се во сообразност со критериумите за екипирање на професионален комуникациски сервис, за да се доближат институциите до јавноста, низ сите модерни канали за комуникација, велат од Владата.

Оттаму посочуваат дека системот за комуникации на Владата сега чини многу помалку за разлика од претходно, бидејќи Владата се откажала од трошење пари за ангажирање на надворешни ПР агенции, консултанти и реклами. Така, годинава вкупните трошоци за односи со јавност чинат 0,5 милиони евра за разлика од 2016 година кога биле потрошени 1,1, милиони евра, во 2015 година 5,5, милиони евра, а во 2014 година 7,5 милиони евра.

Од Владата нагласуваат дека се соочиле со непостоечки систем за односи со јавност поради што една од намерите во следниот период ќе биде да се создаваат документи, процедури, протоколи и правилници за водење на демократски комуникациски сервис.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски