Во велешкото село Сливник се гради нов објект на училиштето

Од:

Во велешкото село Сливник со средства од Буџетот на Република Македонија во висина од 5 милиони и 300 илјади денари интензивно се одвиваат градежни активности за изградба на нов објект, а кој ќе биде дел од основното подрачно училиште.

Според проценките на надлежните од Општина Велес, објектот би требало да биде готов до почетокот на новата учебна година во септември.

Денеска во посета на селото Сливник, во кое живее албанско население беше и министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми кој заедно со вицепремиерот Муса Џафери и членот на Советот на Општина Велес Петре Саздов, направија увид во моменталните градежни активности.

Од името на локалната самоуправа и градоначалникот Славчо Чадиев, советникот Саздов се заблагодари на Владата на Република Македонија и ресорното Министерство за образование и наука.

– Се заблагодарувам за поддршката која Велес во континуитет ја добива, а е во насока на унапредување на образовниот процес и условите за живеење, воопшто, потенцира Саздов од името на Општина Велес.

Како што информираат од Општина Велес, новиот објект од подрачното училиште во селото Сливник, а кое е дел од велешкото ООУ „Васил Главинов” ќе биде од тврда градба, а ќе опфаќа три училници заедно со придружните објекти.

Би можело да ве интересира

Арамија од куќа во Велес украде пари и мобилен телефон

Се трага по старица од Чашка чија куќата изгоре во пожар пред неколку дена

Негувателката што им даваше електронска цигара на деца доби условна осуда, обвинителството се жали

Катерина Ѓуровски

21-годишен жител од велешкото село Бузалково и се заканувал на комисија за возачки испит

Судијка и сопственици на аптеки од Велес обвинети за фалсификување

Катерина Ѓуровски

Сообраќајка во Велес, еден сопатник е полесно повреден