Во Велес започна акцијата за собирање на габаритен отпад

Од:

Јавното комунално претпријатие “Дервен“ во соработка со Општина Велес и оваа година организира акција за собирање на габаритен отпад, која ќе трае до 10 април.

Како што информира Тодорка Андреевска од ЈКП „Дервен“ во габаритен отпад спаѓаат: делови од мебел, душеци, дрвена амбалажа, столарија, пластични сандаци, гајби, алатки, стари велосипеди, пружини, радијатори и санитарии.

Услугата за собирање и транспортирање отпадот е бесплатна и претставува одлична можност граѓаните да се ослободат од непотребните предмети во домаќинствата кои се премногу габаритни за да бидат фрлени во контејнерите за отпад.

-Минатата година, во оваа акција, 111 домаќинства пријавија потреба од собирање на отпад и беа собрани 285 парчиња габаритен отпад со што акцијата беше успешна, потенцира Андреевска.

Во претходните години во просек биле собирани по 50 метри кубни габаритен отпад.

-Со акцијата се предвидува граѓаните кои имаат потреба од оваа услуга да се пријават на телефонскиот број 043233768, во Комунална хигиена, и да остават податоци за контакт, секој работен ден од понеделник до петок од 7 до 14 часот и во сабота од 7 до 12 часот, при што ќе договорат термин кога ЈКП „Дервен“ да прати специјално возило и да го собере отпадот, појаснува Андреевска.

Би можело да ве интересира

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите

Велешанец ја следел девојката, ја навредувал и ја малтретирал, но и нанел и повреди

Горан Наумовски

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Петровска: Секое непостапување во случајот Росица мора да биде казнето!

СДСМ: Убиство во Велес поради негрижа на полицијата на Тошковски и институциите на ДПМНЕ, бараме одговорност

Изгоре автомобил на паркинг во Велес