А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Велес започна акцијата „Чист град“

by А1он15/12/2014 - 15:05116
Share0

Екипи на Општина Велес и СВР Велес денеска започнаа со заедничка реализација на акцијата „Чист град“.

Добивај вести на вибер

Како што информира Мартин Мајсторов портпарол на Општина Велес, започнувањето на оваа активност се реализира со цел да се евидентираат и да се отстранат нерегистрираните, хаварисаните и запуштените моторни возила, приколките и камп-приколките, тракторите, земјоделските машини и алатки, од отворени простори и јавно сообраќајните површини, заради создавање на услови за безбеден и уреден сообраќај и здрава животна средина.

– Во првата фаза која започна денеска и ќе трае седум дена ќе се врши континуирано информирање на граѓаните за нивните обврски согласно прописите. Екипа на СВР Велес и Општина Велес започнаа со контрола на состојбата на улиците , паркинг просторите пред и зад стамбените згради како и јавните паркиралишта и јавните површини,потенцира Мајсторов.

Утврдените прекршоци ќе се документираат и фотографираат, а сопствениците на нерегистрираните, хаварисаните и запуштените моторни возила, приколките и камп-приколките, тракторите, земјоделските машини и алатки, ќе бидат известени да ги отстранат истите во рок од седум дена.

– Доколку сопствениците не постапат по добиеното известување, во втората фаза ќе се применат репресивни мерки согласно прописите односно согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Законот за возила, Законот за јавна чистота, Законот за комуналните дејности и Одлуката за комунален ред и мерки на Општина Велес, потенцира Мајсторов.

veles

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски24/02/2026 - 09:2324/02/2026 - 15:18

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Горан Наумовски20/02/2026 - 17:32

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски19/02/2026 - 07:1019/02/2026 - 07:11

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он23/01/2026 - 17:3023/01/2026 - 17:44

Велешанец е пронајден мртов во семејниот дом

Горан Наумовски09/12/2025 - 14:55

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско

Катерина Ѓуровски05/11/2025 - 08:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен