Во Велес утре второ авионско прскање против комарци

Од:

Од 5 до 6:30 часот утре во општина Велес ќе се спроведе второто авионско прскање против комарци.

Мартин Мајсторов, портпарол на општина Велес информира дека границата на третирањето е езерото „Младост“, село Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од село Башино Село низ Велес, се до вливот на река Бабуна и село Горно Караслари. На запад границата почнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и село Горно Оризари.

Тој истакна дека ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, реката Вардар по целото течение на овој потег. И оваа година вторпат ќе се третира рекреативниот центар езеро „Младост“ со непосредната околина.

– Посебно се известуваат пчеларите во времето на третирање и три до четири часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства, потенцира Мајсторов.

Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден.

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он

Велешанец е пронајден мртов во семејниот дом

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско