А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Велес се одржа натпреварувачки турнир во пинг понг

by А1он23/10/2014 - 15:52134
Share0

Прв натпреварувачки турнир во пинг понг „Велес Опен 2014“ во машка и женска конкуренција се одржа денеска во спортската сала „Гемиџии“ во Велес во организација на ЈП „Парк Спорт“.

Добивај вести на вибер

На турнирот настапија околу стотина натпреварувачи од кои поголем дел во машка и 20 учеснички во женска конкуренција. Дел од натпреварувачите беа и државните шампиони во пинг понг во двете конкуренции.

На најдобрите им беа поделени признанија и парични награди. Александар Табаков, директор на ЈП „Парк Спорт“ за медиумите изјави дека е задоволен од овој прв натпреварувачки турнир бидејќи досега во Велес се одржувале само рекреативни турнири во пинг понг.

– Задоволни сме од бројот на учесниците и од играта на натпреварувачите, а натпреварите го свртеа вниманието на голем број љубители на пинг понгот од градот, што ни дава поттик да продолжиме со организација и на други вакви натпревари за кои во Велес има голем интерес, потенцира Табаков. ад/рп

veles

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски24/02/2026 - 09:2324/02/2026 - 15:18

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Горан Наумовски20/02/2026 - 17:32

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски19/02/2026 - 07:1019/02/2026 - 07:11

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он23/01/2026 - 17:3023/01/2026 - 17:44

Велешанец е пронајден мртов во семејниот дом

Горан Наумовски09/12/2025 - 14:55

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско

Катерина Ѓуровски05/11/2025 - 08:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен