Во Велес првото бебе родено годинава е женско

Од:

На Гинеколошко – акушерското одделение при ЈЗУ Општа болница во Велес попладнево во 16:55 минути се роди првото бебе во Новата 2018 година. Тоа е женско и е четврто дете на родилката Алиова Наиме од Горно Јаболчиште.

Породувањето го водела специјалист гениколог акушер доктор Соња Димова, со тимот акушерки и сестри.

Според информацијата од тимот кој ја породувал жената, бебето се родило по природен пат, а и бебето и мајката се во добра здраствена состојба. Бебето е тешко два килограми и 960 грама и долго 50 сантиметри.

На родилката ова и е прво женско дете, а таа досега родила три сина кои имаат шест, четири и три години.

Би можело да ве интересира

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско

(ВИДЕО) Скандал во Велес: Цеца исвиркана откако подигна бугарско знаме

Катерина Ѓуровски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

69 болни и немоќни лица денеска гласаат во Велес

Горан Наумовски

Каранфилова Пановска: Во центарот на програмата на СДСМ и Маја Хеско за Велес се граѓаните и нивните потреби

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите