Во Велес намален бројот на ученици основци

Од:

Во Велес за 14 години бројот на ученици – основци e намален за 2.123.

– Aко во учебната 1999/2000 во Велес имало 6.678 основци тој број во изминатата учебна година бил намален и изнесувал вкупно 4.555 ученици. Намалувањето е драстично изразено за овие 14 години, вели Марија Настова, раководител за образование при Општина Велес.

Споредено со 1999/2000 и 2003/2004 година во Велес има намалување за 912 ученици основци, а споредено со 2006/2007 година бројот е намален за дури 1627 ученици основци, информира Настовска.

Сепак, посочува, последните неколку години има мало зголемување на бројот на првачиња што се должи на владината мерка на трето и четврто дете. Веќе неколку учебни години оваа бројка не се намалува.

Во новата учебна 2014/2015 година од есен ќе има 550 првачиња што е за 20 првачиња повеќе споредено со лани, вели Настова. Во последниве неколку години бројот на првачиња во Велес е околу 550 деца.

Би можело да ве интересира

Изгоре автомобил на паркинг во Велес

Mртов 42-годишен маж е пронајден во помошни простории

Горан Наумовски

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица

Во стан во Велес пронајден мртов маж

Дете со здравствени проблеми e истепано во Дневниот центар во Кавадарци

Мајка и ќерка се тешко повредени во сообраќајка на пругата кај Стар Мост во Велес

Горан Наумовски