Во Велес минатата недела 318 заболени од грип

Од:

Минатата недела во Велес се регистрирани 318 заболени од грип, информираат од ЈЗУ Центар за јавно здравје во тој град.

Епидемиологот Билјана Трајкова изјави дека најголем број од заболените 217 се на возраст од 15 до 64 години, а помал број се деца и стари лица на возраст над 64 години.

Посочи дека поедини потешки случаи на заболени од грип се на лекување во Инфективното одделение при Велешката општа болница, кое деновиве е преполно со пациенти.

Таа апелира до граѓаните да внимаваат на своето здравје и да избегнуваат контакт со заболени лица.

– Инаку, во текот на февруари имаше 464 заболени од грип, а во јануари само 50 заболени, додаде Трајкова.

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он

Велешанец е пронајден мртов во семејниот дом

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско