А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Велес ќе се инсталира инструмент за мерење на ПМ10 честички во воздухот

by А1он27/11/2019 - 15:30363
Share0

Најдоцна до 20 декември оваа година ќе биде инсталиран инструмент за мрење на концентрација на ПМ 10 честичките во Велес, кој ќе биде поставен во мерната станица во градинката кај Тунел, соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

Добивај вести на вибер

На барање на Советот на Општината, локалната власт уште пред два месеци побарала од MЖСПП, таа да набави и постави мерни станици за квалитетот на воздухот, но тоа било одбиено од Министерството со образложение дека она што го бара Градот не е во согласност со светските стандарди за мерење на квалитет на воздух.

– За разлика од мерењата кои се вршат со Државиот мониторинг систем за квалитет на воздухот (ДАМСКАВ), се почесто во државава се шпекулира со податоци добиени од мерења со уреди кои популарно се наречени сензори (Low Cost Sensors), кои не може да се земат предвид заради нивната голема мерна несигурност дури ниту за индикативни мерења (примерот со Ѓорче Петров и Прилеп). Мерењата со мобилните сензори покажуваат поприлично нереални резултати заради тоа што сензорите имаат висока вредност на граница на детекција и не може со сигурност да се земат предвид измерените податоци. Резолуцијата при мерењето е различна и резултатите може да покажат разлика и до 1000 пати. Друга причина за несигурноста на резултатите добиени од ваквите сензори е што истите имаат висока осетливост на промени на температурата и влажноста и кај нив се забележува взаемна реакција на слични типови на молекули. Тоа значи дека постои голема веројатност да не можат да се разграничат различните загадувачки супстанции,појаснуваат од МЖСПП.

На мерната станица на МЖСПП во Велес во градинката кај Тунел континуирано се мерат останатите параметри на воздухор како SO2, NO2, CO и O3 кои се презентираат на веб порталот за квалитет на воздух во Република Северна Македонија.

zagaden vozduh

Би можело да ве интересира

Во Струмица, Куманово и Скопје утринава „тешко се дише“

А1он17/01/2026 - 10:2817/01/2026 - 10:29

Гиновска: Сериозна контрола на воздухот, речиси 400 неправилности во 2025

Горан Наумовски02/01/2026 - 11:40

ДОМ: Без итни мерки, стратешките цели нема да донесат чист воздух

Горан Наумовски26/12/2025 - 18:02

По подобрувањето на воздухот, МЖСПП ги прекина мерките во Кичево

Горан Наумовски25/12/2025 - 10:34

МОН: Загадувањето на воздухот во затворени простории понекогаш може да биде полошо од надворешното ако не преземеме мерки

Горан Наумовски19/12/2025 - 14:3519/12/2025 - 14:36

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Горан Наумовски19/12/2025 - 14:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен