Во Велес доделени традиционалните плакети на најхуманите крводарители

Од:

По повод 17 Март-Денот на Црвениот крст на Македонија и Ден на доброволно крводарување, Општинската организација на Црвен крст од Велес денеска во Ликовниот салон ги врачи традиционалните плакети и признанија на најхуманите крводарители во Општината.

Велешани надалеку се познати по својата хуманост, а најголем доказ за тоа е годинешното второ место по дарување крв на ниво на Македонија. Велешките крводарители и покрај тешката економска положба, сепак не забораваат да бидат хумани, истакна д-р Милчо Трајков претседателот на Црвениот Крст на Република Македонија и претседател и на Општинската организација од Велес.

Оваа година се доделија плакети во знак на благодарност за унапредување и омасовување на крводарителството по неколку основи. За исполнувањето на Општинскиот и Републичкиот план за крводарителство во 2012 година благодарница им се додели на: ЈП „Македонија-Пат“ подружница Велес, ОСУ „Јовче Тесличков“, Факултет за туризам и организациони науки-дисперзирани студии во Велес, Населба Чашка и на дипломираниот психолог во ООУ „Кирил и Методиј“, Билјана Митева.

На свеченоста беа доделени плакети за 100-то, 75-то и 50-то крводарување.

Според статистиката, во 2012 година во Велешкиот огранок на Црвен Крст собрани се вкупно 4.076 крвни единици со што годишниот план од 1.861 крвни единици е остварен со 219,02 отсто, во 32 акции за доброволно крводарување од кои 27 се теренски. Од собраните 4.076 крвни единици, 700 се од крводарители жени, а 450 се од дарители кои првпат дарувале крв. Статистички невработените велешани најмногу даруваат крв, потоа се учениците, припадниците на АРМ и студентите.

Би можело да ве интересира

Се трага по старица од Чашка чија куќата изгоре во пожар пред неколку дена

Негувателката што им даваше електронска цигара на деца доби условна осуда, обвинителството се жали

Катерина Ѓуровски

21-годишен жител од велешкото село Бузалково и се заканувал на комисија за возачки испит

Судијка и сопственици на аптеки од Велес обвинети за фалсификување

Катерина Ѓуровски

Сообраќајка во Велес, еден сопатник е полесно повреден

Огништа од БРАКО за вечерните забави на Винтерфест во Велес