Во угостителски објекти и на концерт во Скопје пронајдена дрога, приведени двајца дилери

Од:

Во полициска акција во повеќе угостителски објекти, на излетнички места како и на концерт за време на музичка манифестација во Скопје е пронајдена дрога, а уапсени се двајца дилери информира Министерството за внатрешни работи.

– Во текот на контролата, лишен од слобода е И.П.(42) од Скопје, бидејќи при преглед во импровизиран бункер во мотоцикл кој го управувал без возачка дозвола, пронајдени се 13 пакувања со бела прашкаста материја, а во чантичка под седиштето пронајдени се поголем број банкноти во апоени од 50 евра и од 1000 денари. Кај А.К.(20), исто така, при преглед е пронајдена растителна материја, се вели во соопштението од МВР.

Во координација со јавен обвинител против двајцата приведени ќе бидат поднесени кривични пријави.

Би можело да ве интересира

Крим техничар од гостиварската полиција призна дека украл запленети пари и злато

Катерина Ѓуровски

Маж од радовишко силувал 77-годишна жена

40-годишник од стумичко починал на паркинг во Скопје

Катерина Ѓуровски

Двајца Срби, едниот малолетник, повредени во сообраќајка кај Неготино

Малолетници избоделе жител на Студеничани, со тешки повреди сместен во болница

Катерина Ѓуровски

Малолетници се пукачите со автоматска пушта во куќа на тетовец