Во учебник за 2 одделение: Не диши, колку време можеш да издржиш без воздух

Од:

Во учебникот по предметот запознавање на околината за второ одделение, на децата на возраст од седум години им се даваат инструкции како да го задржат воздухот, за да видат колку долго можат да издржат без кислород.

„Затвори ја устата и затни го носот. Изброј колку време можеш да издржиш без воздух“, е експериментот кој им се препорачува на второодделенците во учебникот по запознавање на околината, за да го откријат значењето на воздухот за животната средина.

ucebnikИ додека во соседна Србија од почетокот на годинава стапи во сила законот за заштита на животната средина, со кој се забранува убивање на мравки, бубамари и глувци, за што е предвидена казна до десет илјади евра или три години затвор, во истата лекција во нашиот учебник од децата се бара да затворат инсекти во тегла и да проверат по колку време ќе умрат без воздух, објави Вест.

„Земи една тегла и во неа собери неколку инсекти, теглата затвори ја со капак и нека постои неколку минути, отвори го капакот и провери дали инсектите се живи”.

На сликите се нацртани две тегли, едната тегла има капак со отвори и внатре се гледаат живи бубамара, пеперутка и неколку мравки. Другата тегла, пак, е затворена и инсектите внатре се мртви.

Во Министерството за образование и наука велат дека учебникот е предмет на ревидирање, како дел од големата акција за проверка на сите учебници кои се вклучени во наставата.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование