Во третата недела од февруари зголемен бројот на заболени од грип за 61,5 отсто

Од:

Во текот на осмата недела од годинава (од 16 февруари до 22 февруари), во Република Македонија се пријавени 3.326 новозаболени лица од грип/заболувања слични на грип, што претставува зголемување на бројот на регистрирани случаи во однос на минатата недела за 61,5 отсто, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје на Република Македонија.

Вкупниот број заболени од грип од почетокот на сезоната 2014/2015 заклучно со осмата недела од 2015 година изнесува 13.871 лице (МБ 671,5/100.000). Во овој период нема регистрирани смртни случаи асоцирани со инфекција со вирусот на грип.

Споредено со бројот на заболени во осмата недела од минатата сезона, годинава се бележи намалување за 16,3 отсто, а во однос на просечниот број на заболени за истата недела во изминатиот 10-годишен период, регистрирано е зголемување кое изнесува 74,4 отсто.

Споредено со истиот период минатата година, постои намалување на вкупниот број пријавени случаи за 36,1 отсто, а во однос на просекот за 10-годишниот период се регистрира зголемување за 1,4 отсто.

Заболени лица за целата оваа сезона се пријавени од сите извештајни единици.

Дистрибуцијата на заболените од грип по месеци покажува дека најголем број заболени лица на месечно ниво се пријавени во февруари, за три недели регистрирани се 7.037 лица или 50,7 отсто од вкупниот број.

Најголем број заболени од сезонски грип во текот на оваа сезона се пријавени на територијата на Центарот за јавно здравје Скопје – 2.407 (17,4 отсто). Поголем број на заболени се регистрирани и на териториите на центрите за јавно здравје Тетово (1.959) и Куманово (1.712).

Највисок морбидитет (МБ 2.966,5/100.000) е регистриран во Дебар, а висок морбидитет се регистрира и во Кратово и Свети Николе.

Во однос на возрасните групи, во сезоната 2014/2015 најголем број заболени се пријавени во возрасната група од 15-64 години, а најголем морбидитет е регистриран кај децата на возраст од 5-14 години.

Од ИЈЗ информираат дека бројот на пријавени случаи на грип/заболувања слични на грип во државата го задржал трендот на пораст и во изминатата недела. Се очекува, активноста на вирусот на грип да се одржува на високо ниво уште две до три недели, пред да почне да опаѓа бројот на заболени.

Во осмата недела од годинава, до вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнале 30 материјали за тестирање на грип, од кои 12 се тестирани како позитивни за присуство на вирусот на инфлуенца (3 инфлуенца А; 1 инфлуенца А/Х3Н2; и 8 инфлуенца Б).

Од почетокот на сезоната 2014/2015, во вирусолошката лабораторија на Институтот за јавно здравје на Република Македонија анализирани се вкупно 128 хумани материјали од амбулантски и болнички лекувани пациенти, добиени од здравствените установи низ државата, од кои 43 или 33,6 отсто биле позитивни на вирусот на инфлуенца.

Од позитивните, 16 материјали се конфирмирани како инфлуенца А (37,2 отсто), а кај 27 е докажано присуство на инфлуенца Б вирусот (62,8 отсто). Од инфлуенца А позитивните, два материјали се конфирмирани како инфлуенца А/Х1Н1, 7 се конфирмирани како инфлуенца А/Х3Н2, а 7 се нетипизирани инфлуенца А вируси.

Би можело да ве интересира

МЗ: Вакцина против сезонски грип примиле 50 илјади граѓани

А1он

Започнува вакцинацијата против сезонски грип

А1он

ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица

Горан Наумовски

Намалување на бројот на заболени од грип

Регионот се бори со голема кашлица, во земјава веќе има седум случаи

Грипот зема замав, уште еден починат

Катерина Ѓуровски