Во тетовско Вешала во пожар изгореа куќа и плевна, нема повредени

Од:

Двокатна куќа и плевна утринава изгореа во пожар во тетовското планинско село Вешала утринава. Во куќата не живеел никој и нема повредени лица.

-Пријавен е пожар во 7 часот и 45 минути во село Вешала, сопственост на 55-годишна жена од истото место. При пожарот целосно изгореле двата објекти, при тоа нема повредени. На пожарот интервенирале пожарникарите од тетовската територијална противпожарна единица и огнот е локализирани и ликвидиран, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во текот на денот ќе се врши увид од полициските службеници на СВР Тетово.

Вчера пожарникарите интервенирале и на пожар на отворено во селото Прељубиште. На 5 март во Стенче изгоре двокатна куќа, каде исто така никој не живеел и немаше повредени.

Би можело да ве интересира

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице