Во Тетово одбележан Денот на независноста 8-ми Септември

Од:

По повод Денот на независноста 8-ми Септември денеска пред Споменикот на револуцијата во центарот на Тетово цвеќе положија Претставници на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ од Тетово.

Секретарот на општинската организацција на СДСМ од Тетово Дарко Таневски ја упати својата честитка по повод празникот до сите граѓани на Тетово и Македонија со напомена дека само претставниците на овие две партии од условно македонскиот блок се собрале денеска за одбележување на празникот во Тетово.

– Ниту од општината ниту од други институции што треба да учествуваат на ова одбележување нема претставници за достоинствено да се одбележи овој празник. Ова е државен празник и треба сите заеднички да го чествуваме бидејќи тоа е заеднички празник на нашата татковина, рече Таневски.

Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Тетово и пратеник во македонското Собрание Горан Манојлоски, рече дека се собрале да го одбележат празникот и 26 години од независноста на Македонија.

– За првпат во нашата понова историја овој празник не се прославува организирано и нема ниту еден претставник од општина Тетово. Доколку бараат свои права и проширување на нивните права секако дека треба да ги почитуваат и нашите чувства и нашите празници што се впрочем државни празници и празници на сите граѓани на Република Македонија изјави, Манојлоски.

Посочи дека на сите одбележувања на државни празници и други датуми од минатото, градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи иако постојано била поканувана таа не доаѓала.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Сите настани поврзани со прославата на 8 Септември, граѓаните и Буџетот ги чинеа нула денари

Рубио: САД се горди што стојат покрај С. Македонија како доверлив сојузник и партнер

А1он

Мицкоски: Мора да успееме – народот научил како да преживува, а сега мора да научи како да победува во мир

А1он

Ахмети: Европска Македонија се гради со еднаквост, а не со намалување на нечии права

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

Од 8 септември 1991 до денес – три и пол децении македонска независност

Горан Наумовски