Во Тетово одбележан Денот на народното востание

Од:

Со свеченост пред споменикот на револуцијата во центарот на Тетово претставници на повеќе здруженија, политички партии и граѓани го одбележаа 11. октомври – Денот на народното востание.

Чествувањето започна со интонирање на македонската химна и едноминутно молчење во чест и слава на сите загинати борци за слободата на Македонија. Активностите беа во организација на општинската организација на Сојузот на борци – Тетово.

– На овој ден во далечната 1941 година народот на Македонија решително застана во одбрана на својата земја, спротиставувајќи му се на посилниот и далеку повооружениот непријател. Народното востание се крена во мошне сложени политички и економски услови. Во такви околности се поставувало прашањето како без организирана војска, без сопствена држава, без оружје и други борбени потреби да се влезе во борба со таков силе непријател. Но вековниот идеал и желба за слобода и сопствена држава бил посилен. Ако на почетокот на војната се формираа помали вооружени единци партизански одреди, во наредните години се формирани покрупни борбени единици за во 1944 година македонската војска да ја сочинуваат три корпуси во комплетен состав командувани од Главен штаб со свои старешини, на македонски јазик и со македонско знаме.Таа војска и нејзиното раководство беа прифатени како почитуван воен сојузник во антифашистичката коалиција. Паралелно со воената страна се создаваа и органи на народната власт со што народносолободителната војна во Македонија се стекна и со државотворен карактер и како врв е одржувањето на првото заседание на АСНОМ што не би било можно доколку не беше 11. Октомври, рече во својот говор претседателот на сојузот на броци од Тетово Стојан Петрушевски.

Тој се осврна и на односот на тетовската локална власт од каде тие како здружение никако не добиваат позитивен одговор на барањето за поставување на бистите на народните херои од Тетово Ѓоце Стојчески Амбарче и Тодро Циповски Мерџан покрај споменикот на револуцијата.

– Бистите беа отстранети пред околу десеттина години за време на реконструкцијата на градскиот плоштад. Ние ги пронајдовме и ги чуваме и подготвени сме за поставување, но од општината само ни одговорија дека немаат решение за нивно отстранување и зато не може да ни дозволат да ги поставуме покрај споменикот на револуцијата како најприкладно место, рече меѓу другото Петрушевски.

Во рамки на денешното одбележување на Денот на народното востание букети свежо цвеќе пред споменикот на Револуцијата положија делегации на општина Тетово, општинската организација на Сојузот на борци Тетово, од тетовскиот гарнизон на АРМ, резервните воени офицери,  ОК на ВМРО ДПМНЕ Тетово, ОО на СДСМ Тетово, како и здружението на трудови инвалиди Тетово, бранителските здруженија Бедем и Македонски херои, Здружението Срби и Македонци “КУД Бранко Чајка” и делегација на Македонско-хрватско пријателство од градот.

Би можело да ве интересира

Претседателот Пендаровски и делегации од Кабинетот положија цвеќе по повод 11 Октомври

Ковачевски: Прогресот е одраз на непокорот, со мудри одлуки да се справиме со антиевропската агенда

На композиторот Љупчо Константинов ќе му биде врачена наградата „11 Октомври“

Прилеп го чествува 11 Октомври

Под мотото „Непокор и слобода“ се одбележува 11 Октомври

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Македонија останува на вистинската страна избирајќи го европскиот пат