Во Тетово е уапсена жена за посредување во проституција

Од:

МВР информира дека вчера во периодот од 12 до 14 часот, полициски службеници од СВР Тетово, во соработка со Државна пазарна инспекција, Управа за јавни приходи и Државна трудова инспекција, извршија акциска контрола во неколку објекти во Тетово поради сомнение за посредување во проституција.

При контролата во угостителски објект на улица Јане Сандански“, во 14:00 часот е уапсена Г.Ш.(41) од село Бојане, скопско, поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 191 од Кривичниот законик.

Во објектот е затекнат и управителот Г.Н.(59) од Тетово, при што од двајцата се одземени мобилни телефони.

Г.Ш. е задржана во полициска станица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Пријави за семејно насилство во Крива Паланка, Куманово, Прилеп и Тетово

А1он

Уапсени се 14 возачи за безобѕирно возење

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Маж од Чегране е осомничен за уцена од 5.000 евра, се закануваше со објава на снимен разговор

А1он

Нови пријави за семејно насилство во Македонија

А1он

Пријавено е насилство врз жени во Штип и во Виница

А1он