Во тешка сообраќајка загина 38-годишен маж од струмичко

Од:

Вчера, околу 18.20 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локалниот пат Ново Село – село Мокриево, струмичко, 45-годишниот С.С. од Мокриево, управувајќи патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот, извести МВР.

– Од здобиените повреди на местото на несреќата починал сопатникот, 38-годишниот С.Т. од село Мокриево, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Возачот С.С. и сопатникот 44-годишниот Д.Д. од село Мокриево се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Струмица, соопшти МВР.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Струмица.

Би можело да ве интересира

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Катерина Ѓуровски

Приведен вработен во МВР, возел во спротивна насока, а кога бил запрен, му се заканувал на полицискиот службеник

Катерина Ѓуровски

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода