Во текот на минатата недела намален бројот на огнови на отворено во Скопје

Од:

Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје во периодот од 5 до 11 март на телефонскиот број 193, кој е дел од кампањата „Пријави оган на отворено“, регистрирала пет пријави од граѓаните. Од вкупниот број пријави, во два случаи пожарникарите излегле на терен со противпожарни возила и го изгаснале огнот што горел на отворено. Останатите три пријави од граѓаните се проследени кај инспекторите на Град Скопје за да покренат постапка против сторителите.

– Во сезоната со зголемено загадување на воздухот, Градот Скопје ја продолжи кампањата за пријавување огнови на отворено на бесплатната телефонска линија 193. Градот Скопје преку својот инспекторат и Територијалната единица за противпожарна заштита, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи и Црвениот крст организира мешани тимови кои работат секој ден, 24 часа, и се справуваат со огновите на отворено, се вели во соопштението од Град Скопје.

Оваа кампања, појаснуваат од Град Скопје, се спроведува трета година по ред и досега има одлични резултати.

Градот Скопје и Бригадата за противпожарна заштита апелираат граѓаните да ги пријавуваат сите случаи на палење оган на отворено, за да може огнот што побрзо да се изгаси, а сторителите да се санкционираат.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Градоначалниците од ДПМНЕ две години не прават ништо за загадениот воздух

Горан Наумовски

Надминат прагот на загадување во Скопје: Бремените жени, лица постари од 60 години и хронично болните да останат дома

Орце Костов

Сараево вечерва е убедливо најзагаден град во светот

ВМРО-Народна: Бадникарските огнови не е во согласност со православието и со македонскиот идентитет

Во Берово, Гостивар и во Тетово да не се излегува од дома, воздухот е екстремно лош – препораки од Институтот за јавно здравје

Катерина Ѓуровски

Техеран ги затвора училиштата поради висока загаденост на воздухот

Горан Наумовски