Во тек е состанокот помеѓу премиерите на Македонија и Србија

Од:

Делегацијата на македонската влада, предводена од премиерот Никола Грувски утрово пристигна во Белград, на заеднички состанок со премиерот на Србија, Ивица Дачиќ и министрите.

По свечениот пречек пред палатата„ Србија“, започна состанокот на двајцата премиери.

Во исто време ќе се одржат и низа билатерални состаноци помеѓу министрите на двете влади.

Министрите за надворешна и внатрешна трговија и телекомуникации, енергетика, како и природни ресурси на Србија, Расим Љајиќ, Зоран Михајловиќ и Милан Бачевиќ ќе разговараат со заменикот на претседателот на владата на Македонија задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, министерот за информации и администрација, Иво Ивановски и заменикот на министерот за животна средина Стево Темелковски.

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов ќе се сретне со потпретседателот на српската владата и министер за труд, Јован Кркобатиќ, а Зоран Ставрески, со својот колега Млаѓан Динкиќ.

Министерот за здравство, Никола Тодоров ќе се сретне со министерката за здравство на Србија, Славица-Џукиќ Дејановиќ, а средба ќе имаат и министрите за земјоделство Горан Кнежевиќ и Љупчо Димовски.

Дејановиќ и Тодоров се очекува да потпишат меморандум за соработка во областа на здравството и медицинската наука.

Предвидено е средба и помеѓу министерката за внатрешни работи на Македонија, Гордана Јанкуловска со Ивица Дачиќ.

Двајцата министри за внатрешни работи треба да потпишат протокл помеѓу МВР на Србија и МВР на Македонија, за соработка во текот на туристичката сезона 2013 година.

Се очекува македонскиот премиер да го прими и претседателот на Србија, Томислав Николиќ.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски

Именувана е новата унгарска влада

Левица: Економската приказна на Владата се распаѓа – ни ребаланс не го спасува буџетот

Горан Наумовски

Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај

Течниот нафтен гас намален за пет денари за литар

Катерина Ѓуровски

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени