Во СВР Велес изминатиот викенд повеќе физички напади

Од:

Четириест и тригодишниот З.Т. од Велес вчеравечер, околу 2:30 часот, во СВР Велес пријавил дека на улицата „Борис Трајковски“ бил физички нападнат од три лица.

Портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски информира дека се работи на расчистување на случајот.

Вчеравечер, околу 00:30 часот во Полициската станица Кавадарци, 19-годишниот С.П. од село Возарци, Кавадаречко, пријавил дека пред угостителскиот објект во Градско бил физички нападнат од 28-годишниот П.Ј. од Росоман.

Како што информира Додевски, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во саботата, околу 16:45 часот во СВР Велес, 54-годишниот С.М. од Велес пријавил дека на ул.„Наце Димов“ во Велес бил физички нападнат од Р.Н.

-По целосно документирање на случајот ќе биде поденесена соодветна пријава,информира Додевски.

Вчера во 13:20 часот во Полициската станица Велес, 43-годишниот Ф.Р. пријавил дека неговата сопруга 24-годишната С.М.се оддалечила од домот.

-Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето,информира портпаролот Додевски.

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он

Велешанец е пронајден мртов во семејниот дом

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско