Во Струмица започна „Астер Фест“

Од:

Годинашното осмо издание на интернационалниот фестивал за документарен краткометражен и анимиран филм „Астер фест“ свечено беше отворено синоќа свечено во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица со доделувањето на наградата „Астер“.

Наградите на годинашните лауреати, режисерот Владимир Блажевски и актерот Славко Штимац, им ги врачи градоначалникот на Струмица, Зоран Заев.

Годинашниот „Астер Фест” се одржува под мотото „Одисеја 2012” и најавена е богата и разновидна програма од над 50 документарни, краткометражни и анимирани филмови.

Првиот човек на „Астер Фест“, Горан Тренчовск од годинава најави и нова награда за сценарио, кое ќе го носи името на нашиот познат романсиер и сценарист Ѓорѓи Абаџиев.

 

Би можело да ве интересира

Почнува новото издание на АКТО – фестивал за современи уметности

“Кориолан“ на Битолски театар на магичната сцена на Бутринт, Албанија награден со стоечки овации

Десет претстави на „Денови на комедијата“

Сотирис Минас доаѓа во Македонија

Филмот „17“ на Косара Митиќ е македонски кандидат за Оскар

Предраг Петровиќ

Jazz Extravaganza – концерт на Емин, Шарески, Јосифовски и Петров