Во Струмица достапни комерцијалните вакцини против сезонски грип

Од:

Во Центарот за јавно здравје во Струмица, од вчера, за граѓаните се достапни 900 вакцини против сезонски грип.

Според директорот на Центарот за јавно здравје во Струмица, Петре Витанов, вакцинирањето тече нормално.

-Иако интересот од граѓаните е голем, вакцинирањето се одвива нормално и секој што сака да се вакцинира од комерцијалните вакцини истото ќе му се овозможи. Цената на вакцината изнесува 800 денари и засега имаме доволно, рече Витанов.

Во Здравствениот дом во Струмица досега се вакцинирале околу 600 граѓани преку „Мој термин“.

Директорката на Здравствениот дом во Струмица, Љубица Митева, информира дека бесплатното вакцинирање оди исклучиво преку „Мој термин“, кој го одредуваат матичните лекари во координација со нив.

-Сакам да ги информирам граѓаните кои се вакцинираат кај нас дека има доволно вакцини. Вчера добивме уште 1.100 и има доволно за сите, рече Митева.

Од двете здравствени институции додаават дека е зголемена свеста кај населението дека вакцинирањето е едно од најдобрите мерки за заштита од грип. Во споредба со минатите години бројот на вакцините е скоро ист, а вакцинирањето се очекува да тече и во наредните недели.

Би можело да ве интересира

Грипот зема уште еден живот – почина пензионер од Штип

ИЈЗ: Се зголемува бројот на заболени од грип

Две лица од Скопје и Штип починаа од грип, се зголемува бројот на заразените

Се зголемува бројот на заболени од грип

МЗ: Вакцина против сезонски грип примиле 50 илјади граѓани

А1он

Започнува вакцинацијата против сезонски грип

А1он