Во Средношколскиот дом „Лазар Лазаревски“ во Велес има се уште слободни места

Од:

Во средношколскиот дом „Лазар Лазаревски“ во Велес има слободни 20-тина места.

-Во новата учебна година имаме се уште слободни места бидејќи во Велес се укина спортската паралелка во Гимназијата ,а и во соседните општини се отворија медицински училишта, поради што имаме мало намалување на бројот на ученици, информира директорот Марјанчо Јорданов.

Тој ги повикува сите заинтересирани ученици од други општини кои учат во велешките средни училишта, а немаат се уште сместување да поднесат пријава до управата на домот.

Пестојот и храната во домот е бесплатно за сите ученици и е на терет на Министерството за образование и наука.

Инаку ОУД „Лазар Лазаревски„ кој е изграден во 1962 години и има капацитет од 220 легла во женски и машки соби, во изминатите години беше реновиран, доградуван и прошируван. Освен спалните соби, располага и со неколку уредени занимални за учење, библиотека, а има и средена трпезарија каде учениците добиваат три топли оброци дневно.

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он

Велешанец е пронајден мртов во семејниот дом

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско