Во сообраќајка загина 42-годишна жена од Прилеп

Од:

Вчера вечер околу 19.45 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на улица „Александар Македонски“ во Прилеп, патничко возило „фолксваген“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 54-годишниот Р.П. од село Славеј, прилепско, удрил во велосипед управуван од 42-годишната А.Ц. од Прилеп, извести МВР.

– Од здобиените повреди на местото починала А.Ц., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, додаваат од МВР.

Увид извршиле екипа од Полициската станица Прилеп и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Катерина Ѓуровски

Приведен вработен во МВР, возел во спротивна насока, а кога бил запрен, му се заканувал на полицискиот службеник

Катерина Ѓуровски

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода