Во Скопје во последните 24 часа 329 нови случаи на Ковид-19, починаа осуммина

Од:

Скопје денеска загуби уште осум жители кои починаа од последиците од коронавирусот. Најмладиот од нив е на 51-годишна возраст. Најстариот на 84 години. Осумтемина скопјани се дел од 20-те починати кои денеска ги регистрираа здравствените власти.

Во главниот град во последните 24 часа има 329 новозаразени со Ковид-19. Со нив вкупната бројка на активни случаи е 11 956. Од почетокот на пандемијата вкупно во Скопје се регистрирани 33 643 случаи. 79 пациенти од Скопје денеска излегле од ковид центрите.

Втор град според бројот на активни случаи по Скопје е Тетово кој во моментов има 1009 случаи. Денеска во овој град има 51 новорегистриран случај.

Би можело да ве интересира

Новина во мерките: Граѓаните кои прележале ковид, во следните 45 дена можат да одат во кафеани без сертификати

Кристијан Ландов

Шекеринска: Тринаесетте мировници кои се позитивни на КОВИД-19 се во добра состојба

Катерина Ѓуровски